Емир Кустурица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Емир Кустурица, роден во Сараево на 24 ноември 1954 г., е југословенски и српски режисер.[1] За своите кратки филмови бил наградуван уште во средното училиште.[2] Филмска режија завршил на Филмската академија во Прага. Добитник е на две „Златни палми“ на Канскиот филмски фестивал за филмовите „Татко на службен пат“ и „Андерграуд“. Носител е на орденот „Витез од редот на уметност и книжевност“.[3] Тој е национален амбасадор на УНИЦЕФ во Србија од 8 септември 2007 г. заедно со Ана Ивановиќ, Александар Ѓорѓевиќ и Јелена Јанковиќ.
Емир Кустурица | |
---|---|
Кустурица во 2009 г. | |
Роден(а) | Емир Кустурица 24 ноември 1954(1954-11-24) (69 г.) Сараево, Социјалистичка Република Босна и Херцеговина, Социјалистичка Федеративна Република Југославија |
Националност | Србија |
Други имиња | Немања Кустурица |
Занимање | Режисер, сценарист, музичар |
Активен период | 1978–денес |
Вера | Српска православна црква |
Сопружник | Маја Мандиќ |
Деца | 2 |
Страница thenosmokingorchestra.com/ |
Во музичката група Забрането пушење свирел бас-гитара, а сега е гитарист во групата „Emir Kusturica & the No Smoking Orchestra“ (Емир Кустурица & Оркестарот Забрането пушење). Се занимава и со книжевност: во 2010 г. ја објавил автобиографијата „Смртта е непроверена вест“ (Смрт је непровјерена гласина), а во 2013 г. ја објавил втората книга „Сто јадови“ (Сто јада).
Тој е основоположник и директор на музичкиот и филмскиот фестивал Кустендорф, кој секоја година се организира во етно-селото Дрвенград на ридот Меќавник крај Мокра Гора. Негова е идејата за градење на Андриќград – етно-село кое е посветено на Иво Андриќ, кое се наоѓа на местото Устие, на устието на реките Дрина и Рзав кај Вишеград.