Емил Затопек
From Wikipedia, the free encyclopedia
Емил Затопек (чешки изговор: [ˈɛmɪl ˈzaːtopɛk] ( слушнете); 19 септември 1922 – 22 ноември 2000) — чехословачки атлетичар на долги патеки најдобро познат по освојувањето на три златни медали на Летните олимписки игри 1952 во Хелсинки. Тој освоил златни медали на трките на 5.000 и 10.000 метри, а третиот златен медал го освоил на маратонската трка која била негова прва во кариерата, и за која се пријавил во последен момент.[1] Негов прекар бил "чешката локомотива".
Емил Затопек во 1951 година | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Роден(а) | 19 септември 1922(1922-09-19) (101 г.) Копривњице, Чехословачка | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Починал(а) | 22 ноември 2000(2000-11-22) (возр. 78) Прага, Чешка | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | &100000000000001820000001,82 м | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 72 kg (159 lb) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | Чехословачка | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | трки на долги патеки | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Успеси и титули | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични рекорди | 5.000 метри: 13:57.0[1] 10.000 метри: 28:54.2[1] Маратон: 2:23:04[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Затопек бил првиот атлетичар кој ја соборил границата од 29 минути на трките на 10.000 метри (во 1954). Три години претходно, во 1951 година, тој за еден час истрчал 20 километри, со што поставил нов светски рекорд. Тој се смета за еден од најдобрите тркачи на 20. век и бил познат по бруталните методи на тренинг. Во 2013, уредниците на списанието Runner's World го одбрале него за најдобар тркач на сите времиња.[2] Тој е единствениот атлетичар со победи на трките на 5.000 и 10.000 метри и маратон на иста олимпијада.