Електронска цевка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Електронска цевка, електронска ламба/лампа или вакуумска цевка — електронска компонента чија работа се заснова на движење на електроните низ вакуум под дејство на електростатичко поле меѓу електроди.[1]
Постојат и електронски цевки кои се полнети со гас под притисок, или користат електромагнетно поле за управување со текот на електроните. Меѓутоа, работата скоро на сите електронски цевки се заснова на принципот на термоелектронски ефект (излегување на електрони од загреан метал) и нивно понатамошно движење под дејство на електрично поле.
Освен термоелектронска емисија, можна е и фотоемисија (фотоелектричен ефект кај фотоцевките), емисија на поле – (течна живина катода) и секундарна емисија, кај која електроните со висока енергија избиваат секундарни електрони од металот.[1] Појавата на електронски цевки го овозможила развојот на електрониката, бидејќи по првпат станало можно да се засилуваат слаби сигнали. Тоа потоа довело до развој на радиото и меѓународните телефонски врски, радарот, првите сметачи, телевизорот и други електронски уреди.[2]
Во денешно време, електронските цевки скоро сосема се потисната од широка употреба со воведување на транзисторот. Сепак , останале посебни подрачја каде замената била потешка: екрани за телевизори и монитор (катодна цевка), предајни цевки, магнетрони за микробранови печки и радари.