Елафитски Острови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Елафитите се група на острови во Јадранско Море кои се наоѓаат западно од Дубровник. Името на островите е изведено од грчкиот збор ἔλαφος, elaphos, што значи елен,[1] иако на островите нема повеќе елени. Под ова име, Елафатските или Еленските Острови, за првпат се споменуваат од римскиот историчар Плиниј Постариот во 1 век, во неговато дело Naturalis Historia. Најголемиот остров на овој архипелаг е островот Шипан, а други острови се: Лопуд, Колочеп (Каламота), Јакљан, Руда, Голеч, Црквина и уште неколку помали островчиња и карпи во морето познати како Гребени. Островите со својот прекрасен пејзаж и песокливи плажи привлекуваат бројни туристи. Тие се поврзани со Дубровник преку бродски линии кои сообраќаат секојдневно. На трите поголеми острови постојат голем број на културни и историски споменици, како на пример: многу цркви, капели и вили на дубровничката аристократија. Денес, многу од нив, иако се во приватна сопственост, се во запуштена состојба.
Поглед од тврдината Сутврач Лопуд | |
Географија | |
---|---|
Место | Јадранско Море |
Архипелаг | Елафитски Острови |
Вкупно острови | 13 |
Поголеми острови | Шипан, Лопуд, Колочеп |
Површина | 30 км2 |
Држава | |
Жупанија | Дубровник-Неретва |
Најголема населба | Шипан (pop. 436) |
Демографија | |
Население | 850 |
Најголеми острови се:
- Шипан – е најголемиот остров на Елафитските Острови и истовремено и најоддалечен од Дубровник. На островот се наоѓаат две населби: Шипанска Лука и Суѓураѓ, кои се сместени во два спротивна залива, кои се одделени само со поле.
- Колочеп (Каламота) – е најблиску до Дубровник и поради тоа е често излетиште на жителите на овој град. Суптропската вегетација, свежиот морски воздух, пространите борови шуми и маслинови дрва го прават овој остров многу привлечен.
- Лопуд се наоѓа меѓу Шипан и Колочеп и е стопански најразвиен од сите острови на овој архипелаг. Најпозната плажа на островот е песокливата плажа Шуњ.
Во помали острови се вбројуваат:
- Дакса – се наоѓа пред дубровничката лука Груж.
- Свети Андрија – денес е ненаселен карпест остров на кој се наоѓа светилник.
- Руда
- Мишњак
- Јакљан – тука се наоѓа детско одморалиште и рекреационен центар
- Космеч
- Голеч
- Црквина
- Тајан
- Олипа – најзападниот остров во архипелагот.
Според некои во склоп на Елафитските Острови се вбојува и островот Локрум.
На островот Дакса, во октомври 1944 година се случил масакр над 697 угледни Хрвати, од кои 369 биле цивили, а 327 воени заробеници, кои биле убиени од страна на партизаните.