Економија на Европа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Економијата на Европа се однесува на околу 831.4 милиони луѓе кои живеат во 48 различни држави [1]. Како и другите континенти, така и во Европа богатството и стабилноста на економиите на пооделните земји се разликува, иако најсиромашните во Европа државни економии се далеку над оние во останатите континенти, со исклучок на Австралија. Ова најмногу се однесува на Бруто-домашниот производ и животниот стандард. Разликата на економиите на земјите во Европа може да се види најмногу преку источно-западниот јазол којшто низ историјата го “делел“ континентот на два дела. Додека земјите од Западна Европа имаат сите развиена економија, голем БДП и животен стандард, голем дел од земјите во Источна Европа сѐ уште го уживаат нискиот стандард, главно поради комунистичките режими во СССР и СФРЈ. Сепак треба да се напомене дека има економии од Источна Европа кои се развиени и вклучени односно делумно се однесуваат како дел од севкупната економија на Европа. Таков е примерот со Турција и Русија, чии територии се наоѓаат само делумно во Европа како и Азербејџан и Кипар, кои географски се дел од Азија.
Население: | 832.000.000 |
БДП (PPP): | US$18,022 трилиони (2009) |
БДП (Валута): | $18,387 трилиони (2009) |
(PPP): | $27.383 (2009) |
(Вредност): | $25.285 (2009) |
Годишен пораст на по глава на жител БДП: |
2,8% (2006) |
Приходи на најбогатите 10%: | 27,5% |
Милионери (US$): | 2,6 милиони (0.3%) |
Невработеност: | 10,0% (ноември 2009) |
Жени : |
56,7% мажи |
* Поголемиот број на податоци се од Програмата на ООН за развој од 2002 година, некои бројки исклучат одредени земји, поради недостаток на информации. Статистиката се однесува за сите земји, не само на делови во рамките на Европа.. | |
Поврзано: Економија на светот – Економија на Африка – Економија на Азија – Економија на Европа – Економија на Северна Америка – Економија на Океанија – Економија на Јужна Америка | |
edit |
Европа низ историјата била првиот континент чија економија била индустријализирана. Ова пред сè започнало во XVIII век, најпрвин во Велика Британија. Како резултат на тоа, Европа е еден од најбогатите континенти во светот. Најголемата европска национална економија е онаа на Германија. Таа е рангирана на четврто место според БДП и петта според куповната моќ, проследена со Франција, која е рангирана соодветно на петта според БДП и шеста според куповната моќ. Веднаш по нив следуваат Велика Британија и Италија. По крајот на Втората светска војна, најголемите сили во Европа ја основале Европската унија. Тоа довело земјите членки заеднички да придонесуваат за економската стабилнист и економските проблеми на Европа. Како кулминација на ова претставувало воведување на една единствена национална валуте, Евро. Доколку Европската унија денеска биде сметена како единствена држава, таа би се наоѓала на првото место според БДП во светот. Европа претставува најбогат регион во светот.[2].