From Wikipedia, the free encyclopedia
Еклиптика — привидниот пат на Сонцето на небесната сфера, а воедно и основата за еклиптичкиот координатен систем. Се однесува исто така и за рамнината на овој пат, и е копланарна и со орбитата на Земјата околу Сонцето, и со привидната орбита на Сонцето околу Земјата.[1] Патот на Сонцето не се забележува од површината на Земјата, а причина за тоа е Земјината ротација, движејки се со набљудувачот низ циклусот на изгрејсонце и зајдисонце, попречувајќи го привидното движење на Сонцето во однос на позадинските ѕвезди.
Погоре опишаните движења се упростувања на проблемот. Поради движењето на Земјата околу заедничкиот центар на маса на Земјата - Месечина, привидниот пат на Сонцето се залувува малку со период од околу еден месец. Поради растројувањата од останатите планети на Сончевиот Систем, центарот на маса Земја - Месечина се залувува околу главната положба на сложен начин. Еклиптиката е всушност привидниот пат на Сонцето за временски период од една година.[2]
Како што на Земјата и е потребно една година за да направи едно завртување околу Сонцето, исто така потребното време за изминување на патеката на Сонцето му е потребен подеднаков временски период за дја измине еклиптиката како и на Земјата. Со нешто повеќе од 365 дена во годината, Сонцето се придвижува помалку од 1° источно[3] секој ден. Оваа мала разлика во положбата на Сонцето во споредба со ѕвездите од позадината, предизвикува секоја одредена точка од површината на Земјата да биде во временски однос (север - југ) со Сонцето со задоцнување од 4 минути секојдневно, за разлика од состојбата кога Земјата не би се движела околу својата оска; Земјениот ден е 24 часа, за разлика од приближниот 23 - часа и 56 - минути ѕвезден ден. Повторно, станува збор за упростување, засновано на замислена Земја која ротира по орбитата околу Сонцето со подеднаква брзина. Вистинската брзина со која Земјата се движи околу Сонцето е променлива во текот на годината, па така брзината со која Сонцето привидно се движи по епликтиката е променлива. На пример, Сонцето е во северна положба над небесниот екватор во период од 185 дена секоја година, и јужно во период од 180 дена.[4] Промената на орбиталната брзина се надополнува со дел од равенката за време.[5]
Поглед од горе и страничен поглед на рамнината на еклиптиката, со прикажување на планетите Меркур, Венера, Земја, и Марс. Повеќето од планетите кружат околу Сонцето мошне блиску до самата рамнина во која се движи и Земјата - по еклиптиката. | Четирите планети подредени по еклиптиката во јули 2010, прикажувајќи како планетите кружат околу сонцето на истата рамнина. Фотографија сликана при зајдисонце, гледано кон запад над Суракарта, Јава, Индонезија. |
повеќето тела во Сончевиот Систем кружат околу Сонцето во скоро истата рамнина. Ова најверојатно се должи на кој Сончевиот Систем се создал од протопланетарниот диск. Најдобрата моментална претстава за дискот е позната како непроменлива рамнина на Сончевиот Систем. Земјината орбита, а воедно и еклиптиката, се закосени за помалку од 1° во однос на непроменливата рамнина, и останатите поголеми планети се во однос од 6°. Поради ова, повеќето тела во Сончевиот Систем сево близина или лежат на еклиптиката на небесниот свод. Еклиптиката е дефинирана од движењето на Сонцето. Непроменливата рамнина е определена со аголниот момент на целиот Сончев Систем, со други зборови кажано збирот на сите револуции и ротации од сите тела во системот, несигурна вредност за која е потребно целосно познавање на секој објект во системот. Поради овие причини, еклиптиката како погодна се користи како референтна рамнина на Сончевиот Систем.[6][7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.