From Wikipedia, the free encyclopedia
Едмон де Гонкур (26 мај 1822 – 16 јули 1896 ) — француски писател, издавач, книжевен и ликовен критичар, воедно и основач на Гонкуровата академија. Роден во Нанси, тој поголемиот дел од својот живот го посветил на пишување книжевни и ликовни рецензии, а оформил и писателски пар заедно со братот Жил де Гонкур. По смртта на Жил во 1870, Едмон продолжил да твори сам.
Едмон го заложил сиот свој имот за да ја основа и одржува академијата Гонкур. Во чест на починатиот брат Жил де Гонкур (17 декември 1830 – 20 јуни 1870), секој декември од 1903 година академијата ја доделува „наградата Гонкур“. Тоа се смета за најпрестижна награда во француската литература, а се доделува за „најдоброто фиктивно прозно дело на годината“. Марсел Пруст, Симон де Бовоар, Мишел Турние, Маргерит Дирас, Ромен Гари и Патрик Модијано, се меѓу најпознатите добитници на наградата. Едмон починал во Шампросе во 1896, а бил закопан на гробиштата Монмартр во Париз.[1]
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.