Европско првенство во фудбал 2024 - група Е
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европско првенство во фудбал 2024 - група Е била една од шестте групи на Европското првенство 2024 и во неа се натпреварувале репрезентациите на Белгија, Словачка, Романија и Украина.
Матична статија: Европско првенство во фудбал 2024.
Натпреварите се одиграле од 17 до 26 јуни 2024 година.[1]
Од оваа група понатаму минале Романија, Белгија и Словачка, последната како една од четирите најдобри третопласирани репрезентации. Интересно е тоа што на крајот од групната фаза сите репрезентации во оваа група завршиле со еднаков број на бодови (4), што се случило за првпат на едно големо натпреварување уште од Светското првенство 1994 кога сите четири репрезентации во групата Е завршиле со идентични 4 бода. Украина станала првата селекција што завршила на последното место во групата на Европското првенство, а освоила дури четири бода.[2][3][4]