Европско првенство во фудбал 2020 - група Ц
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европско првенство во фудбал 2020 - група Ц била една од шестте групи на Европското првенство 2020 и во неа се натпреварувале репрезентациите на Холандија (еден од домаќините на првенството), Украина, Австрија и Македонија.
Матична статија: Европско првенство во фудбал 2020.
Натпреварите се одиграле на два стадиони Јохан Кројф Арената во Амстердам и Арена Национала во Букурешт, од 13 до 21 јуни 2021 година.[1]
Од оваа група понатаму минале Холандија, Австрија и Украина, последната како една од четирите најдобри третопласирани репрезентации.