Европско првенство во фудбал 2020 - група Ф
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европско првенство во фудбал 2020 - група Ф била една од шестте групи на Европското првенство 2020 и во неа се натпреварувале репрезентациите на Унгарија (еден од домаќините на првенството), бранителот на титулата Португалија, светскиот шампион Франција и Германија (уште еден домаќин).
Матична статија: Европско првенство во фудбал 2020.
Натпреварите се одиграле на два стадиони Пушкаш Арена во Будимпешта и Алијанц Арена во Минхен, од 15 до 23 јуни 2021 година.[1]
Од оваа група понатаму минале Франција, Германија и Португалија, последната како една од четирите најдобри третопласирани репрезентации.