From Wikipedia, the free encyclopedia
Европски атлетичар на годината е годишна награда која се доделува на најдобрите европски атлетичари во машка и женска конкуренција за изминатата година. Изборот е организиран од страна на европското раководно тело за атлетика, Европската атлетска асоцијација (ЕАА), од 1993 година.
Секоја година, од сите атлетски дисциплини се составува краток список со најдобрите атлетичари врз основа на остварените резултати на големите натпреварувања за изминатата година. Само во ретки околности на краткиот список може да се најдат повеќе атлетичари од иста дисциплина. Атлетичарите кои опслужиле допинг суспензија од две или повеќе години не се земаат предвид.[1] Преку мрежното место на ЕЕА, навивачите, медиумите и членовите на земјите членки на ЕЕА имаат право да гласаат за најдобрите пет атлетичари во машка и во женска конкуренција на списокот, при што атлетичарите добиваат бодови од еден до пет врз основа на нивниот ранг. Група на експерти исто така доделуваат бодови. Гласовите од секоја од четирите споменати групи опфаќаат 25% од вкупниот резултат на атлетичарите, и атлетичарите во двете конкуренции со највисок број на вкупни бодови победуваат и ја освојуваат наградата.[2][3]
Европски алетичар во подем во годината е награда која била воведена во 2007 година. Оваа награда, која се доделува на најдобрите атлетичари до 23 години, била воведена со цел признавање на успесите на младите натпреварувачи на нивниот пат кон сениорските натпреварувања.[4]
Година | Мажи | Жени |
---|---|---|
1993 | Линфорд Кристи | Сали Ганел |
1994 | Колин Џексон | Ирина Привалова |
1995 | Џонатан Едвардс | Соња О'Саливан |
1996 | Јан Железни | Светлана Мастеркова |
1997 | Вилсон Кипкетер | Астрид Кумбернус |
1998 | Џонатан Едвардс | Кристин Арон |
1999 | Томаш Дворжак | Габриела Сабо |
2000 | Јан Железни | Трине Хатестад |
2001 | Андре Буше | Стефани Граф |
2002 | Двејн Чамберс | Суреја Ајхан |
2003 | Кристијан Олсон | Каролина Клифт |
2004 | Кристијан Олсон | Кели Холмс |
2005 | Виргилијус Алекна | Елена Исинбаева |
2006 | Френсис Обиквелу | Каролина Клифт |
2007 | Теро Питкемеки | Бланка Влашиќ |
2008 | Андреас Торкилдсен | Елена Исинбаева |
2009 | Филипс Идову | Марта Домингез |
2010 | Кристоф Леметр | Бланка Влашиќ |
2011 | Мо Фара | Марија Савинова |
2012 | Мо Фара | Џесика Енис |
2013 | Богдан Бондаренко[5] | Зузана Хејнова |
2014 | Рено Лавилени | Дафне Схиперс |
2015 | Грег Радерфорд | Дафне Схиперс |
2016 | Мо Фара | Рут Беитија |
2017 | Јоханес Фетер | Катерина Стефаниди |
Година | Мажи | Жени |
---|---|---|
2007 | Андреј Хов | Џесика Енис |
2008 | Рафаел Холцдепе | Стефани Твел |
2009 | Кристоф Леметр | Каролина Бјеркели Гревдал |
2010 | Теди Тамго | Сандра Перковиќ |
2011 | Давид Шторл | Џоди Вилијамс |
2012 | Павел Маслак | Ангелика Бенгстон |
2013 | Емир Бекриќ | Анита Хинриксдотир |
2014 | Адам Гемили | Марија Кучина |
2015 | Конрад Буковицки | Ноеми Цберен |
2016 | Макс Хес | Нафисату Тијам |
2017 | Карстен Вархолм | Јулија Левченко |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.