Евровизија 2015
Евровизија 2015 / From Wikipedia, the free encyclopedia
Евровизија 2015 — 60-тото издание по ред на изборот за песна на Евровизија. Се одржало во Виена, главниот град на Австрија, како резултат на победата на Кончита Вурст на Евровизија 2014 година во Копенхаген, со песната Rise Like a Phoenix.[1] Ова било вторпат Австрија да биде домаќин на фестивалот, а првото домаќинство го имала во 1967 година. Радиодифузер на натпреварувањето бил австрискиот јавен сервис О-Ер-Еф. Полуфиналните вечери биле одржани на 19 и 21 мај 2015 година, а големото финале се одржало на 23 мај 2015 година. Шоуто го воделе три дами: Мирјам Вајкселбраун, Алис Тумлер и Арабела Кајсбауер.
Евровизија | |
---|---|
Домаќин | Австрија |
Локација | Виенер штадтхале, Виена |
Презентери |
|
Супервизор | Јон Ола Санд |
Режисер | Катрин Зехнер |
Радиоифузер | ORF |
Победничка песна |
|
Гласачки систем | Секоја држава/жири доделува по 12, 10, 8–1 бода за нивните 10 најдобри песни. |
Број на земји | 40 |
Земји кои прв пат настапуваат | Австралија |
Земји кои се вратиле | |
Земји кои се откажале | |
Нула бодови | |
Настап во интермецо |
|
Настап кој го отвора натпреварот |
|
На натпреварот учествувале вкупно 40 земји, а како повратнички земји земале учество Кипар, Србија (после едногодишна паузе) и Чешка (после петогодишна пауза), додека Украина оваа евровизија ја прескокнала заради финансиски причини и вкупната политичка ситуације во земјата, од Украинската криза. Дебитант на ова издание на Евровизија била Австралија.
На Евровизија 2015 победила Шведска со песната - Heroes (превод на мак. Херои) - во изведба на Монс Селмерлев, додека Италија — со песната -Grande amore- (превод на мак. Голема љубов) — го освоила првото место по бројот на гласови од публиката. Второто место на натпреварот и припаднало на Полина Гагарина од Русија со песната - A Million Voices - (превод на мак. Милион гласови}}), а третопласирана била Италија. Шведска, меѓутоа, собирајќи го мнозинството од гласовите од жирито добила доволно бодови за да ги надмине гласовите на гледачите.
Ова било првпат од 2009 година победникот да не освои и најмногу бодова од телегласањето.[2] Шведска ја остварила втората победа во последните три године, а свеукупно шеста. Првпат на Евровизија се случило првите три земји да освојат 280 бодови или повеќе. Руската песна -{A Million Voices}- станала прва не-победничка нумера која добила повеќе од 300 бодови, додека италијанската композиција -{Grande amore}- била прва песна од 2012 године која се пласирала меѓу најдобрите три, а која не е испеана на англиски јазик. Австрија и Германија биле првите држави кои од 2003 година наваму не добиле ниеден бод во финалето. Австрија е исто така првата земја домаќин со освоени нула бодови, те истовремено прв домаќин и претходен победник кој се пласирал на најслабо место уште од 1958 година.