Еврејски календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Еврејски календар (הַלּוּחַ הָעִבְרִי, ха'луах ха'иври) — месечево-сончев календар кој денес се користи претежно за еврејски верски обреди. Со помош на календарот се определуваат датумите за еврејските празници и соодветното јавно читање на делови од Тората за годишен помен параша (датумите со кои се одбележува смртта на роднина), како и дневни читања на псалми, како и други верски употреби. Во Израел, се користи за верски намени, ја одредува временската рамка во земјоделието и е службен календар за обавување на граганските должности, иако се почесто истиот се заменува со грегоријанскиот календар.
Денешниот еврејски календар е производ од развојот на истиот, вклучувајќи го тука и вавилонското влијание. Сè до танаjскиот период (од 10 до 220 година) календарот користел нова полумесечина, со дополнителен месец кој нормално се додавал на секои две или три години за да се изврши исправка на разликата меѓу дванаесетте месечински месеци и сончевиот календар. Кога требеало да се додаде месецот се одлучувало според набљудувањето на земјоделските настани.[1] За време на аморајскиот период (од 200 до 500 година) а воедно и во гаонскиот период, бил заменет со систем кој користел математички правила кои се користат до денес . Овие принципи и правила биле целосно кодифицирани од страна на Мојсеј Мајмонид во т.н. Мишне Тора од XII век. Мајмонидовата работа исто така го го заменила броењето на годините од уништувањето на Храмот со современо создадената ера Anno Mundi.
Еврејската месечева година е за 11 денови покуса од сончевиот циклус и го користи 19-годишниот метонски циклус за да се доведе во еднаквост со сончевиот циклус, со додавањето на интеркалационен месец на секои две до три години, односно 7 пати во период од 19 години. Дури и со ваквата интеркалација, просечниот еврејски календар е подолг за 6 минути и 2525/57 секунди од моменталната сончева година, па така на секои 224 години, еврејскиот календар ќе доцни ден пред моменталната сончева, и на секои 231 година ќе доцни еден ден зад грегоријанскиот календар.
Ерата која се користи од средновековието е Anno Mundi епоха (што преведено од латински означува „во годината од светот“ и на еврејски: לבריאת העולם, „од создавањето на светот“). Како што е случајот со Anno Domini (A.D. или AD), кратенката за Anno Mundi е (A.M. или AM) при што ерата се запишува пред годината иако ова не се запазува секогаш. AM 5774 започнала на зајдисонце 4 септември 2013 година и завршила на 24 септември 2014 година. AM 5775 започнала на зајдисонце 24 септември 2014 година и завршува на зајдисонце 13 септември 2015 година. AM 5776 започнува на зајдисонце 13 септември 2015 година и завршува на зајдисонце на 2 октомври 2016.[2]