Дутинхем
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дутинхем — град и општина на истокот на Холандија. Се наоѓа по текот на реката Стар Ајсел (Ауде Ајсел) во делот на покраината Гелдерланд наречен Ахтерхук. Општината има население од 57.292 жители (2017 г.) и се состои од површина од 79.66 км2 од кои 0.60 км2 се вода. Ова го прави Дутинхем најголем град (по население) во Ахтерхук.
Дутинхем Doetinchem | |||
---|---|---|---|
Град и општина | |||
Црквата „Св. Катерина“ во Дитинхем | |||
Местоположба во Гелдерланд | |||
Координати: 51°58′N 6°18′E | |||
Држава | Холандија | ||
Покраина | Гелдерланд | ||
Управа[1] | |||
• Орган | Општински совет | ||
• Градоначалник | Нилс Јоостен (VVD) | ||
Површина[2] | |||
• Вкупна | 79,66 км2 (3,076 ми2) | ||
• Земјишна | 79,06 км2 (3,053 ми2) | ||
• Вода | 0,60 км2 (20 ми2) | ||
Надм. вис.[3] | м | 14||
Население (август 2017)[4] | |||
• Вкупно | 57.292 | ||
• Густина | 725/км2 (1,880/ми2) | ||
Демоним | Дутинхемер | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 7000–7011, 7030–7031 | ||
Повик. бр. | 0314, 0315 | ||
Мреж. место | doetinchem.nl |
На 1 јануари 2005 година, поради општинско преструктуирање, соседната општина Вел како и областа Целхелмсе Броек биле споени со Дутинхем.
Познато е од археолошки наоди на черепи, грнчарски парчиња и стрели од кремен дека областа била населелена пред 11,000 години. Овие праисториски ловци биле проследени од Келтите и Германите како Франките и Сасите. Биле пронајдени римски монети и постојат археолошки докази дека Викинзите ја ограбувале областа.
Првото спомнување на името Дутинхем е во документ од 838 година кој спомнува ‘вила Дутингем’, населба со мала црква. Во 887 година, постои друго спомнување на ‘Дутинкем’, тврдина со црква која била дадена на тогашното Бискупство на Утрехт. Изговорот на градот се менувал во текот на вековите, и ‘Дутихем’, ‘Дуичинген’ и ‘Дутеком’ се само неколку примери.
Долго време Дутинхем бил мало место но околу 1100 година започнал да расте, откако претрпел неколку обиди на грабежи, бил изграден градски ѕид. Во 1236 година, Дутинхем се здобил со градски права од грофот Ото II од Гелре и Цутфен, а за возврат градот обезбедил даноци и војници за војската на грофот. Исто така, новиот градски совет објавил правила за градот, кодифицирани во ‘Keurboek van Doetinchem’ (Правилник на Дутинхем), во кои биле утврдени строги казни за направени прекршоци.
Во 1226 година, Дутинхем се соочил со зголемена опасност од ограбувачи, па така градскиот ѕид бил издигнат за еден метар. Постоеле четири прегради во ѕидот кои биле слаби точки, и биле заменети со тек на време од четири големи градски порти. Подоцна бил ископан ендек околу ѕидот и бедем бил изграден од предната страна; центалната ветерница во градот денес се наоѓа на остатоците од овој бедем. И покрај овие заштити, Дутинхем бил под опсада многупати и во текот на осумдесетгодишната војна (1568–1648) бил под опсада и заземен двапати. Сепак, најпосле ѕидовите биле видени како непотребни (или неефективни) и во 1672 година тие биле урнати. Но сепак, градските порти и бедемите не биле отстранети сè до втората половина на 19. век.
Од своите рани години, Дутинхем било значајно пазариште за фармерите за продажба на своите производи; пазарот бил одржуван на централниот плоштад наречен Симонсплејн сè до почетокот на втората светска војна.
Дутинхем бил подложен на катастрофи. Освен од споменатите опсади, во 1527 година голем пожар го уништил поголемиот дел од градот вклучувајќи ги архивите на градот и во 1580 година голем дел од населението починало од чума. Градот повремено бил поплавуван. Сепак, и покрај тоа што Дутинхем е само 10 километри оддалечен од германската граница, поради тоа што Холандија не учествувала во првата светска војна, градот не видел ништо од војната освен неколку стражари покрај границата во тој период. Дури и во текот на втората светска војна, Дутинхем првично поминал многу лесно; во градот постоела само мала германска војска и градот дури ги избегнал и најлошите ефекти од „гладната зима“. Сепак, неколку затвореници биле убиени поради вмешаност во убиство во Путен на важен германски офицер од холандскиот отпор и катастрофално, во март и април 1945 година, центарот на Дутинхем бил уништен од бомбардирање од сојузниците кое или било наменето за блиските германски градови, или за уништување на германската одбрана во Дутинхем. Градот бил ослободен од канадска војска во 1945 година по кратка битка.
Во децениите по војната, Дутинхем израснал и за неколку години ги надминал „конкурентите“ во Ахтерхук, имено Дусбург, Винтерсвајк и Цутфен. Холандската компанија, Philips, имала фабрика во градот неколку години. Од 2003 до 2005 година, градот енормно пораснал поради изградбата на нови предградија како Дихтерен, и со припојувањето на неколку села во рамките на општината како Вел.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.