From Wikipedia, the free encyclopedia
Дру Блајт Баримор[1] (родена на 22 февруари 1975 г.)[1][2][3] — американска глумица, автор, режисер, модел и продуцент. Таа ја започнала својата кариера глумејќи на телевизија, и набрзо потоа станала филмска глумица.
Дру Баримор | |
---|---|
Баримор на премиерата на Музика и стихови во 2007 година | |
Роден(а) | Дру Блајт Баримор 22 февруари 1975 Калвер Сити, Калифорнија |
Занимање | Глумица, автор, режисер, модел, продуцент |
Активен период | 1978–сè уште |
Страница drewbarrymore.com |
По турбулентното детство кое ѝ било одбележано со зависност од дрога и алхокол и две рехабилитациски сесии,[2][4] таа на свои 15 години ја напишала својата автобиографија насловена Изгубно девојче. Таа глумела во низа популарни филмови, влучувајќи ги Отровна Ајви (1992), Лоши девојки (1994), Момци на страна (1995) и Врисок (1996). Таа исто така глумела заедно со Адам Сендлер во Пејач на свадби (1998), 50 први состаноци (2004) и Семеен хаос (2014).
Откако Баримор и Ненси Џувонен ја основале продукциската компанија Flower Films,[5] компанијата продуцирала неколку филмови и серии во кои глумела Баримор, како Никогаш бакната (1999), Ангелите на Чарли (2000), Дони Дарко (2001), Ролерки (2009) и Тој едноставно не е заинтересиран за тебе (2009). Таа глумела и во филмовите Музика и стихови (2007), Сите се добро (2009), Врска на далечина (2010) и Веќе ми недостигаш. Баримор добила Златен глобус за најдобра глумица во минисерија или ТВ филм за најзината изведба во ТВ филмот Сиви градини (2009).
Таа била именувана за амбасадор против гладот при Светската програма за храна (WFP) на Обединетите Нации. Оттогаш, таа донирала преку 1 милион долари на програмата. Баримор има своја ѕвезда на холивудската патека на славните.
Дру Баримор е омажена за Вил Копелман, со кого има две ќерки: Олив (родена во 2012) и Френки (родена во 2014).[6]
Баримор се прославила на седумгодишна возраст, со улогата во филмот на Спилберг „ЕТ“.[6]
Покрај филмската кариера, Баримор повремено пишувала текстови за интернет-магазинот „Рифајнери 2“.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.