Договор од Батум
From Wikipedia, the free encyclopedia
Договорот од Батум — мировен договор склучен помеѓу Отоманското Царство и трите кавкаски земји: Ерменија, Азербејџан и Грузија. Договорот бил склучен на 4 јуни 1918 година[1][2].
Кратки факти Тип, Потпишан ...
Тип | Мировен договор |
---|---|
Потпишан | 4 јуни 1918 |
Место | Батуми, денешна Грузија |
Услов | ратификација |
Потписници | Отоманско Царство Ерменија Азербејџан Грузија |
Затвори
Мировната конференција била отворена на 11 мај во Батуми. На оваа конференција Османлиите ги прошириле своите барања, односно кон нејзините територии да се присоединат Тифлис, Александропол и Ечмијаџин. По неуспехот, турската војска се обрнала кон Руска Ерменија по кое следувале неколку битки (Сардарпад, Кара Килис и Абаран). На 4 јуни Првата ерменска република била принудена да го потпише договорот од Батум.