Добро Поле
врв и висорамнина на планината Ниџе, јужна Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Добро Поле — врв и висорамнина на планината Ниџе, јужна Македонија, на границата со Грција. Лежи на надморска височина од 1.523 м.[1] Во продолжение, преку границата, пределот е заблатен заради неговата зрамнетост.
Кратки факти Добро Поле, Највисока точка ...
Добро Поле | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.523 м |
Координати | 41°03′00″N 21°52′59″E |
Географија | |
Место | Мариово, македонско-грчка граница |
Затвори
Поважни населени места во најблиската околина се Градешница, Старавина и Зовиќ (Општина Новаци) во областа Мариово и Баово (Промахи) во Меглен преку границата во Егејска Македонија. Долж неа се наоѓа истоимена погранична караула.
На ова место помеѓу 15 и 18 септември 1918 г. се одиграла Битката кај Добро Поле во рамките на Првата светска војна, каде е направен пробив на Македонскиот фронт од силите на Антантата.