Дијана и Актеон (Тицијан)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дијана и Актеон — ренесансна слика во маслена техника, насликана од Тицијан околу 1556 - 1559 година. Таа е една од неговите најдобри слики од серијата од осум митолошки слики (т.н. поеми) што Тицијан ги насликал за Филип II Шпански.
Творец | Тицијан |
---|---|
Година | 1556–1559 |
Димензии | 185 см × 202 см |
Место | Национална галерија во Лондон и Шкотска национална галерија, Лондон и Единбург |
Сликата ја прикажува судбоносна средба помеѓу ловецот Актеон и божицата Дијана (Артемида). Според Калимах[1], Артемида се капела во шумата, а Актеон налетал на неа додека ловел и ја видел гола. Застанал и зјапал, маѓепсан од нејзината убавина. Кога го видела Артемида, го казнила со одземање на неговиот говор - ако се обидел да зборува, ќе се претворел во елен. Кога ги слушнал своите другари од ловот, почнал да запомага и веднаш се преобразил во елен, а неговите кучиња му нафрлиле и го распарчиле[2].
Циклусот од осум слики-поеми Тицијан го насликал за време на својот престој на шпанскиот двор во Мадрид од 1553 до 1562 година. Првата слика била Данаја, потоа следеле Венера и Адонис, Дијана и Калисто, Јасон и Медеја, Персеј и Андромеда, Дијана и Актеон, Смртта на Актеон и конечно Грабнувањето на Европа. Сликите значително се разликуваат по големина и композиција, но заедничка врска им е Метаморфози на Овидиј, додека „Јасон и Медеја“, и „Персеј и Андромеда“ се поврзани со олимписките богови.