Дијадоси
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дијадоси (грчки. Diadochoi - наследници) биле генерали во македонската војска за време на Александар Македонски, кои после неговата смрт владееле со делови од териториите на големата Македонска Империја. Честопати дијадосите меѓусебно војувале со цел да завладеат поголема територија. После четириесетина години војни помеѓу дијадосите се формирале три позначајни династии:
- Селевкиди во Персија, Вавилонија и Мала Азија
- Птолемаиди или Лагиди во Египет
- Антигониди во Европа