![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/43/Blue_circle_for_diabetes.svg/langmk-640px-Blue_circle_for_diabetes.svg.png&w=640&q=50)
Дијабетес мелитус тип 2
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дијабетес мелитус тип 2 (или дијабетес мелитус независен од инсулин (NIDDM), дијабетес кај возрасните) — метаболично нарушување што се одликува со висока крвна гликозаво контекст на отпорност на инсулин и релативна дефициенција на инсулин.[5] Наспроти него е дијабетес мелитус, тип 1, каде што има апсолутна дефициенција на инсулин поради уништување на островски клетки во панкреасот.[6] Класични симптоми сепрекумерна жед, често мокрење и постојан глад. Дијабетесот од тип 2 го има кај 90 % од случаите на дијабетес, а другите 10 % се должат на дијабетес мелитус, тип 1 и гестациски дијабетес. Се смета дека примарна причина за дијабетесот од тип 2 кај луѓето со генетски предиспозиции е дебелината .
Дијабетес мелитус тип 2 | |
---|---|
Синоними | Инсулин-независен дијабетес мелитус (NIDDM)[1] |
![]() | |
Син круг, универзален симбол за дијабетес.[2] | |
Специјалност | Ендокринологија |
Симптоми | Зголемена жед, често мокрење, необјаснив губиток на тежина, зголемен глад[3] |
Третман | Промени во диететските навики, метформин, инсулин, баријатриска хирургија |
Честота | 392 милиони (2015)[4] |
Дијабетесот од тип 2 првично се лекува со зголемување на вежби и со измени во исхраната. Ако нивото на гликоза во крвта не се спушти со овие мерки, потребни се лекови како метформин или инсулин. Кај луѓето што примаат инсулин обично се потребни рутински проверки на нивото на шеќер во крвта.
Стапките на дијабетес значително се зголемени во однос на дебелината во изминатите 50 години. Од 2010 г. има речиси 285 милиони заболени, во споредба со речиси 30 милиони во 1985 година. Долгорочни компликации од висок шеќер во крвта се срцеви заболувања, удари, дијабетесна ретинопатија каде што се напаѓа видот, проблем со бубрезите за кој можно е да биде потребна дијализа, како и лоша циркулација во екстремитетите што може да доведе до ампутирање. Акутната компликација на кетоацидоза, особина на дијабетес од тип 1, не е позната.[7] Меѓутоа, може да се јави некетотична хиперосмоларна кома.