Дија
река во Средна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Дија (чешки: Dyje) или Таја (германски: Thaya) — река во Средна Европа, најдолга десна притока на Морава. Долга е вкупно 224 км,[1] протегајќи се од запад кон исток на пограничното подрачје помеѓу Долна Австрија и Јужна Моравија (Чешка), иако границата на највеќето места не минува по самата река. Настанува од две помали реки, наречени Германска Дија (Deutsche Thaya) и Моравска Дија (Moravská Dyje, Mährische Thaya) кои потоа се среќаваат кај гратчето Рабс.
Кратки факти Дија, Изворно име ...
Дија | |
---|---|
Изворно име | Dyje, Thaya |
Местоположба | |
Земји | ![]() ![]() |
Физички особености | |
Извор | |
• место | кај Паненска Росичка |
• надм. вис. | 410 м |
Устие | |
• место | Морава |
• координати | 48.6170° СГШ; 16.9402° ИГД / 48.6170; 16.9402 |
• надм. вис. | 148 м |
Должина | 224 км [1] |
Големина на сливот | 13 419 км2 |
Проток | |
• просечен | 43,9 м3/с |
Особености на сливот | |
Течение | Морава→ Дунав→ Црно Море |
Затвори
Името Дија значи „тромава“. Недалеку од Знојмо се наоѓа истоименото селце Дије, наречено по реката.