From Wikipedia, the free encyclopedia
Диференцијално Манчестер кодирање е линиски код кадеподатокот и тактните сигнали се искомбинирани да формираат еден само-синхронизирачки пренос н податоци со две нивоа.Тоа е диференцијално кодирање кое го користи присуството и отсуството на транзиции за да покаже логичка вредност.Не е неопходно е да се знае поларитетот на испратениот сигнал бидејќи информациите не се чуваат во вредностите на напонот туку во неговата промена: со други зборови, не е важно дали е примена логичка 1 или 0, но само дали поларитетот е ист или различен од претходната вредност; ова ја прави синхронизацијата полесна.
Диференцијалното Манчестер кодирање не треба да се меша со BMC (biphase mark code) или FM1, двофазно просторно кодирање, и двофазно нововско кодирање бидејќи овие четири линиски кодирања се сите уникатни.
Диференцијалното Манчестер кодирање ги има следниве предности во однос на некои други линиски кодирања:
Овие позитивни одлики се постигнати на сметка на удвојување на греквенцијата на часовникот – стапната на симболот е двапати поголема од стапката на битови од оригиналниот сигнал. Секој бит период е поделен на два половина периоди: часовник и податоци. Полупериодот на часовникот секогаш започнува со транзиција од ниско на високо или ов високо на ниско. Полупериодот на податокот прави транзиција од една вредност и нема премин на друга вредност. Една верзија на кодот прави транзиција за 0 и нема премин за 1 во полупериодот на податокот; другиот прави транзиција за 1 и нема премин за 0. Така, ако „1“ е претставена на една транзиција, а потоа „0“ е претставена со две транзиции и обратно, што го прави Диференцијалниот Манчестер форма на дигитална честотна модулација.
Или кодот може да се толкува со полупериод на часовникот или пред или по полупериодот на податокот.
Biphase mark coding транзициите на секоја позитивна ивица на такт сигналот (кога часовникот оди од 0 на 1) и исто така ранзициите на негативната ивица на такт сигналот кога податокот е 1.
Диференцијалниот Манчестер е специфициран во IEEE 802.5 стандардот за токен ринг мрежи, а се користи за многу други апликации, вклучувајќи магнетни и оптички складирања. Biphase Mark кодот(BMC) се користи како метод за кодирање во AES3 и S/PDIF. Многу магнетно-лентни карти исто така користат BMC кодирање, често се нарекува F2F (честота/ двојна честота) или Aiken Biphase. Тој стандард е опишан во ISO/IEC 7811. SMPTE time code исто така користи BMC. BMC е исто така оригиналната „честотна модулација“ која се користи за едногустински флопи дискови, пред да биде заменет со „двојна густина“ изменета честотна модулација.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.