Дискус хернија
Болест / From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓу пршленските тела на `рбетот постојат меки и еластични, дисковидни тела кои имаат улога на амортизери, перничиња кои понекогаш знаат да попуштат под дејство на различни фактори. Кај младите луѓе овие меѓупршленски тела (односно дискуси) се меки и еластични, но како и кај многу структури во телото, со возраста тие ја губат својата еластичност и стануваат подложни на повреди. Најновите иследувања покажуваат дека кај 30% од луѓето на триесетгодишна возраст веќе се јавуваат промени на меѓупршленските дискуси. Со намалување на еластичноста на дискусот се зголемува веројатноста тој да попушти, односно да прсне, при што тој се изместува од својата природна ложа и врши притисок врз околните структури, а тоа се `рбетниот мозок и корените на нервите кои излегуваат од `рбетниот мозок во близина на пршленски тела и меѓупршленските дискови. Дискус хернијата е чест здравствен проблем и најчесто настанува поради неправилни и неприродни движења на `рбетниот столб, најчесто во пределот на кичмата, односно крстот. Едно невнимателно наведнување кон напред и подигнување на тежина која и немора да биде кој знае колку голема, може да доведе до изместување на дискусот од неговото лежиште. Таа може да се појави во кој било дел од `рбетот, но најчесто во крстниот дел околу 90%, помалку во вратниот дел околу 8%.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Дискус хернија | |
---|---|
Спинална дискус хернија | |
Специјалност | Неврохирургија |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |