Димискија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Димискија или дамаскиња – сабја искована во Дамаск (Сирија) или изработена според таков урнек.[1] Се одликува со криво сечиво, дршка и понекогаш штитник, а се носи во корица опашана на појас. Како ладно оружје била дел од опремата на пешаците или коњаниците. Примероци има во повеќе македонски музеи. Опеана е и во народните песни.