From Wikipedia, the free encyclopedia
Диктатор е политички лидер кој поседува апсолутна моќ. Диктатура е држава во која владее еден диктатор или мала клика.[2] Зборот потекнува од титулата римски диктатор кој бил избиран од Римскиот сенат за да управува со републиката во вонредни околности.[2]
Денес, терминот диктатор обично се користи за да се опише водач кој поседува или злоупотребува прекумерна лична моќ. Диктатурите најчесто ги имаат следниве одлики: суспендирање на изборите и граѓанските слободи; прогласување на вонредна состојба; владее со декрет; репресија на политичките противници; непочитување на процедурите на владеење на правото и постоење на култ на личноста насочена кон лидерот. Диктатурите најчесто се еднопартиски или се доминантно-партиски држави.[3][4]
Зборот диктатор потекнува од латинскиот збор dictātor (dictāt- , минато време од глаголот dictāre или dictate).[5] Диктатор бил судија во Римската Република и привремено добивал апсолутна моќ.
Традиционално како законски службеник во итни состојби во Римската Република и во етрурската култура, терминот диктатор немал негативно значење кое го има денес.[6] Диктатор бил магистрат кому му била давана врховна моќ на одредено време.
Терминот почнал да го добива своето современо негативно значење откако Корнелиј Сула воспоставил диктатура по Граѓанската војна на Сула, со што станал првиот диктатор во Рим по повеќе од еден век (претходниот век функцијата наводно била укината), како и поради тоа што де факто го укинал временското ограничување на функцијата и потребата за акламација од Сенатот. Јулиј Цезар го следел примерот на Сула во 49 п.н.е. и во февруари 44 п.н.е. бил прогласен за диктатор перпетуо, („диктатор во вечност“), и официјално ги укинал сите ограничувања на неговата моќ, кои ги задржал до неговиот атентат следниот месец.
По убиството на Цезар, на неговиот наследник Август му била понудена титулата диктатор, но тој ја одбил. Подоцнежните наследници, исто така, ја одбиле титулата диктатор, а употребата на оваа титула набрзо исчезнала кај римските владетели.
Во втората половина на 19 век, терминот диктатор сѐ уште имал повремени позитивни импликации. На пример, за време на Унгарската револуција од 1848 година, националниот водач Лајош Кошут од неговите поддржувачи честопати бил нарекуван диктатор, без негативни конотации, иако неговата официјална титула била регент-претседател.[9] По создавањето на привремената извршна власт на Сицилија во 1860 година, Џузепе Гарибалди официјално ја презел титулата „Диктатор“. Исто така, за време на Јануарското востание во 1863 година во Полска, официјална титула на четворицата водачи била „диктатор“.
По тоа време, терминот диктатор постепено добивал негативна конотација. Кај народот, диктатурата често се поврзувала со бруталност и угнетување. Терминот често се поврзува и со мегаломанија. Многу диктатори околу себе создаваат култ на личноста и исто себе си си доделуваат сè пограндиозни титули и почести. На пример, Иди Амин Дада, кој бил поручник во британската армија пред Уганда да стекне независност од Велика Британија (октомври 1962 година) себе си се нарекол „Неговата екселенција, доживотен претседател, фелдмаршал Ал Хаџи доктор Иди Амин Дада, В.Ц., DSO, MC, Освојувач на Британската империја во Африка воопшто и Уганда особено “.[10] Во филмот Големиот диктатор (1940), Чарли Чаплин се потсмевал не само на Адолф Хитлер туку и на самата институција диктатор.
Добронамерната диктатура се однесува на влада во која авторитарниот лидер поседува апсолутна политичка моќ врз државата, но се смета дека тоа го прави за доброто на населението како целина. Добронамерниот диктатор може да дозволи постоење одредена економска либерализација или демократско одлучување, како на пример преку јавни референдуми или избрани претставници со ограничена моќ, и често врши подготовки за транзиција кон вистинска демократија за време или по неговиот мандат. Добронамерни диктатори најчесто се користи за: Јоанис Метаксас од Грција (1936–41), Мустафа Кемал Ататурк од Турција (1923–38), Јосип Броз Тито од СФР Југославија (1953–80),[11] и Ли Куан Ју од Сингапур (1959–90).[12]
Некои диктатори биле мајстори за манипулација со народот, како на пример Мусолини и Хитлер. Други пак биле попрозаични говорници, како Сталин и Франко. Типично, луѓе од доверба на диктаторот ја преземаат контролата врз сите медиуми, ја цензурираат или ја уништуваат опозицијата и секојдневно на народот му сервираат силни дози на пропаганда, честопати вдахновена со култот на личноста.[13]
Мусолини и Хитлер користеле слични, скромни титули кои означуваат „Водач“. Мусолини користел „Il Duce “, а Хитлер генерално се нарекувал „der Führer “, што значи „Водач“ на италијански и германски соодветно. Франко користел сличен наслов „Ел Каудило “ („Главата“, „поглаварот“) [14] а за Сталин името што го усвоил значи „Човек од челик“ и станало синоним за неговата улога на апсолутен водач.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.