Дигитална земска телевизија во Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дигиталната земска телевизија во Македонија беше воведена во јуни 2013 година, со целосното исклучувањето на аналогниот сигнал. Процесот за премин кон целосно дигитално емитување на земската телевизија траеше четири години, започнувајќи во 2009 година со воведувањето на комерцијалната платформа „BoomTV“, како и пробното истовремено емитување на програмските сервиси на МРТ на дигитален мултиплекс.
Во 2023 година преку дигиталната земска мрежа на МРД и А1 Македонија се емитуваат шест програмски сервиси на МРТ, пет приватни национални телевизии и шест регионални телевизиски станици од кои четири во Д1 (Скопје), една во Д1 (Велес) и една во Д8.