Детска градинка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Детска градинка, градинка[1][2] или забавиште[3][4] — предучилишна установа чија цел е воспитување, грижа и старателство на деца до шестгодишна возраст. Целта на градинката е да го подготви детето за основно училиште, да научи да општи, да склопува пријателства, да се забавува и да научи основни работи за животот.
Градинката (киндергартен) е предучилишен образовен пристап заснован на игра, пеење, практични дејности како што се цртање и социјална интеракција како дел од преминот од дома на училиште. Ваквите институции првично биле создадени на крајот на 18 век во Баварија и Стразбур за да им служат на децата чии двајца родители работеле надвор од домот. Поимот бил скован од Германецот Фридрих Фребел, чиј пристап имал глобално влијание врз раното образование. Го отворил првиот „киндергартен“, што во превод значи „детска градинка“.[5] Целта беше децата да се негуваат како вистински растенија во градина, па оттука и името на установата. Денес, поимот се користи во многу земји за да опише различни образовни институции и простори за учење за деца на возраст од две до седум години, врз основа на различни методи на учење.