Детонација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Детонација (од латински detonare „да згрми“[1]) ― вид на согорување кое вклучува надзвучен егзотермичен преден дел што се забрзува низ медиум што на крајот го придвижува ударната предница што се шири директно пред него. Детонациите се шират надзвучно низ ударните бранови со брзини во опсег од 1 км/сек и се разликуваат од дефлаграциите кои имаат брзини на подзвучен пламен во опсег од 1 м/сек.[2]
Детонации се случуваат и во конвенционалните цврсти и течни експлозиви,[3] како и во реактивни гасови. Брзината на детонација во цврсти и течни експлозиви е многу поголема од онаа во гасовитите, што овозможува да се набљудува брановиот систем со поголеми детали (поголема резолуција).
Многу широк спектар на горива може да се појават како гасови (на пр. диоксиген), магла со капки или суспензии од прашина. Покрај диоксигенот, оксидансите може да вклучуваат халогени соединенија, озон, водороден пероксид и азотни оксиди. Гасните детонации често се поврзуваат со мешавина на гориво и оксиданс во состав нешто под конвенционалните коефициенти на запаливост. Тие најчесто се случуваат во затворени системи, но понекогаш се појавуваат во големи облаци на пареа. Други материјали, како што се ацетилен, озон и водород пероксид може да се детонираат во отсуство на оксиданс (или редуктор). Во овие случаи, ослободената енергија е резултат на преуредување на молекуларните состојки на материјалот.[4][5]
Детонацијата била откриена во 1881 година од страна на четворица француски научници Марселин Бертелот и Пол Мари Ежен Вјеј[6] и Ернест-Франсоа Малар и Анри Луј Ле Шателје.[7] Математичките предвидувања за раширување биле спроведени прво од Дејвид Чепмен во 1899 година[8] и од Емил Жуге во 1905,[9] 1906 и 1917 година.[10] Следниот напредок во разбирањето на детонацијата бил направен од Џон фон Нојман[11] и Вернер Деринг[12] во раните 1940-ти и Јаков Б. Зелдович и Александар Соломонович Компанец во 1960-тите.[13]