Десант
From Wikipedia, the free encyclopedia
Десант — воена операција што претставува префрлување трупи (војска) на непријателска територија по воден или по воздушен пат за нанесување на удар со цел да се заобиколат утврдувањата или да се заземе мостобран. Пренесување на борци со бродови е тактика позната стотици години и се користи со успех до ден-денес. Во мигов, како тактички техники, главно се користи тенковски и воздушен десант.[1][2][3]