![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e3/Afghans_at_Ghazi_Stadium_in_2011.jpg/640px-Afghans_at_Ghazi_Stadium_in_2011.jpg&w=640&q=50)
Демографија на Авганистан
Викимедиина категорија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Населението во Авганистан е околу 38.928.346 според податоци од 2020 година, што вклучува околу 3 милиони авганистански граѓани кои живеат како бегалци во Пакистан и во Иран.[4] Нацијата е составена од мултиетничко и повеќејазично општество, што ја рефлектира нејзината местоположба покрај историските патишта за трговија помеѓу Средна Азија, Јужна Азија и Западна Азија . Етничките групи се Таџици, Паштуни, Хазари, Узбеци, Ајмаци, Туркмени, Белуџи и уште неколку други.[5][6]
![]() | |
Население | 38,928,346 (2020) |
---|---|
Прираст | 2.34% (2016) |
Родност | 38.3 раѓања /1,000 население (2016) |
Смртност | 13.7 починати/1,000 население (2016) |
Животен век | 60.5 години (2015)[1] |
• мажи | 59.3 години |
• жени | 61.9 години |
Плодност | 5.33 родени деца/женски (2015) |
Новороденечка смртност | 66.3 починати /1,000 живи родени [2] |
0-14 г. | 42.3% (мажи 6,464,070/жени 6,149,468) |
15-64 г. | 55.3% (мажи 8,460,486/жени 8,031,968) |
65- г. | 2.4% (мажи 349,349/жени 380,051) |
При раѓање | 1.05 мажи/жени |
Под 15 г. | 1.03 мажи/жени |
15-64 г. | 1.04 мажи/жени |
65-over | 0.87 |
Националност | noun: Afghan(s) |
Мнозински | Таџици, Паштуни, Хазари, Узбеци, и други |
Службен | дари и паштунски [3] |
Говорен | дари, паштунски, узбечки и други |
Приближно 46% од населението е под 15-годишна возраст, а 74% од сите Авганистанци живеат во рурални области.[2] Просечна жена раѓа пет деца во текот на целиот свој живот, што е највисока стапка на плодност надвор од Африка. 6,8% од сите бебиња умираат при породувањето на детето или во зародиш. Очекуваниот животен век е пријавен во 2015 година на 60,5 години [1] и само 0,04% од населението има ХИВ.[5]
Дари и паштунскиот се официјални јазици во земјата.[3] Дарискиот, кој е познат како авганистанско-персиски јазик, функционира како лингва франка. Паштунскиот јазик е широко користен во регионот јужно од планините Хиндукуш и реката Инд во соседен Пакистан. Узбечкиот и туркменскиот јазик се помали јазици што се зборуваат во делови на северот.[5] Повеќејазичноста е вообичаена низ целата земја, особено во поголемите градови.
Исламот е религија на повеќе од 99% од граѓаните на Авганистан. Околу 80% од населението практикуваат сунитски ислам и припаѓаат на ханафистичката исламска школа, додека 15-20% се следбеници на шиитски ислам;[5][7] од кои мнозинството припаѓаат на гранката „Дванаесетници“, со помал број на Исмаили. Останатите 1% или помалку практикуваат други религии како што се сикизам и хиндуизам. Со исклучок на урбаното население во главните градови, повеќето луѓе се организирани во племенски и други сродни групи, кои ги следат своите традиционални обичаи. Поголемиот дел од населението на земјата живее во рурални области и е вклучено во земјоделски активности .