Декубитус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Декубитус претставува патолошки процес кој се јавува на т.н. предилекциски места,предизвикано од подолго време лежење во иста позиција односно поради притисокот на крвните садови и недоволната исхранетост на ткивото со крв,односно нарушена циркулација.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/bc/Pressure_ulcer_points.svg/640px-Pressure_ulcer_points.svg.png)
Предилекциски места:
- окципиталната џумка
- рабовите на ушните школки
- рабовите на лопатката или скапулата
- ’рбетните продолжетоци
- кај лумбалниот дел кај карличната коска
- на колената
- на лактите
- на петиците
Причини за појава на декубитус:
- Причините можат да бидат егзогени(неодржување на личната хигиена,една положба во креветот која трае долг период,иритација,набори на постелнината и облеката,иритација со трошки,предмети.Но причините можат да бидат и ендогени,односно:
- парализа
- болести со квс
- анемии
- дијабет
- обезитас
- кахексија
Стадиуми на настанување на декубитална рана:
- Стадиум на hyperemia-во овој стадиум кожата најпрво е бледа поради долгиот притисок врз крвните садови,а потоа кожата е црвена поради хиперемијата.
- Стадиум на мацерација - во овој стадиум кожата е лигава,влажна и се лупи.
- Стадиум на некроза-во овој стадиум раната се шири во длабочина и ширина.
- Во четвртиот стадиум раната се проширува до коска.