Декамерон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Декамерон е збирка од 100 новели напишана од италијанскиот писател Џовани Бокачо, најверојатно започната во 1350 година, а завршена во 1353 година. Тоа е средновековно алегориско дело најпознато по љубовните приказни. „Декамерон“ има антиклерикален карактер, зашто сатирата е насочена кон лажната чистина на свештениците. Но, освен тоа, ова е дело што носи голема етичка порака, типично хуманистичка каде се велича сè што е човечко. Според Бокачо, луѓето се еднакви, само се разликуваат по својот карактер и интелигенција. Насловот на книгата е кованка од два грчки збора што значат „десет“ (δέκα дека) и „ден“ (ἡμέρα хемера)[1]. Се верува дека некои делови од приказните се поврзани со влијанието на Книгата на добра љубов. Многу значајни писатели како Џефри Чосер имаат извлечено инспирација за своите дела од Декамерон.