![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/68/%25D0%2594%25D0%25B5%25D0%25B2%25D0%25B8%25D0%25BD%25D0%25B8_%25D0%259A%25D1%2583%25D0%25BB%25D0%25B8_14.jpg/640px-%25D0%2594%25D0%25B5%25D0%25B2%25D0%25B8%25D0%25BD%25D0%25B8_%25D0%259A%25D1%2583%25D0%25BB%25D0%25B8_14.jpg&w=640&q=50)
Девини Кули
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Девини Кули — археолошко наоѓалиште на два километри јужно од поречкото село Девич. Се наоѓа на околу седум километри до Македонски Брод, во насоката кон Самоков. Тврдината се наоѓа на рид што се издигнува на височина од околу 75 метри над коритото на реката Треска. На ова место, реката прави голем завој и го оградува градиштето од три страни.
Повеќе информации Основни податоци ...
„Девини Кули“ | |
![]() Поглед на ѕидините на Девините Кули | |
Местоположба | 41°32′29.82″N 21°14′16.26″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Девич |
Општина | Македонски Брод |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Затвори