From Wikipedia, the free encyclopedia
Дебелоклун црешар (науч. Coccothraustes coccothraustes) е врапчевидна птица од семејството на ѕвингалките (Fringillidae). Се размножува низ Европа, вклучувајќи ја и Македонија и умерена Азија. Во Европа таа е претежно постојан жител, но многу азиски птици се селат понајуг зиме.
Дебелоклун црешар | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Ѕвингалки |
Род: | Coccothraustes |
Вид: | Дебелоклун црешар |
Научен назив | |
Coccothraustes coccothraustes (Linnaeus, 1758) | |
Ranges of C coccothraustes Лето Постојан жител Зима |
Дебелоклуниот црешар е долг 16.5-18 см, има распон на крилјата од 29 до 33 см, а тежи 48-62 грама. Женките се обично помали и полесни од мажјаците. Таа е робусна птица со дебел врат, голема топчеста глава, широк, силен конусен клун со метален сјај, кратки розовикави нозе и куса опашка. Очите ѝ се кафеави. Мажјаците имаат повпечатливи и попривлечни перја од женките. Целокупната боја е светлокафеава, главата има портокалова нијанса, околу очите има црн круг кој се проширува кај клунот. Грлото е сиво, а страните на вратот и тилот се сиви. Горната страна на крилјата се длабокоцрна боја. На средината на крилјата имаат три ленти: бела, кафеава и сина.
Живеалиштето на дебелоклуниот црешар се листопадните шуми во текот на пролетта, во сезоната на парење, често во дрвјата со плодови, како што се дабовите, на пример. Се населуваат во урбани средини, паркови и градини, како и во борови шуми, ако има извор на вода во близина. Во текот на есента и зимата тие бараат места со дрвја како што се црешата и сливата за да си обезбедат храна. Оваа птица е „срамежлива“ и затоа е тешка за набљудување и проучување. Најголемиот дел од денот го поминува на врвот од дрвјата, пред сè за време на сезоната на парење. На земја може да се види само додека е во потрага по семиња или вода за пиење, секогаш во близина на дрвја. Додека пие и јаде тоа е доста агресивен и доминантен, дури и кон поголемите птици. Кога пилињата се раѓаат чува сосема мала територија, но кога не се грижат за потомството заштитуваат цела шума.
Нивниот лет е брз, а патеката директна на кратки растојанија. За време на долгите летови имаат периодични бранувања. Летаат на висина од 200 метри, сами или во групи. Кога се на земја потскокнуваат и летнуваат и на најмал шум. Видени се како ловат инсекти во лет.
Оваа птица се храни со тврди семиња од дрвја, како и семки од овошје кои може да ги скрши со својот силен клун и придружните мускули на вилицата. Тие имаат сила еквивалентна на товар на околу 30-48 кг. Затоа може да го пробие семето на црешите и сливите, како и маслиновите семки. Други вообичаени извори на храна се боровите семиња, плодовите, повремено гасениците и бубачките. Особено зимно време се хранат во групи.
Гнездењето започнува кон крајот на мај и продолжува до средината на јуни. Птиците ги направат своите гнезда во средината и на горното ниво на крошната од дрвјата. Тоа е длабока чаша исткаена однадвор од гранчиња, корења, и сл, а внатре е послано со помеки тревки, влакна и друго. Леглото има 3-7, обично 4-5 јајца светложолтеникава или сивкавозелена боја со ретки точки и дамки со сива и виолетовосина боја. Обично женката ги инкубира јајцата околу 14 дена, а мажјаците седат врз гнездото само ако таа се храни. Инаку, тој ја храни и го штити гнездото. Пилињата ги одгледуваат обата родитела 11-14 дена додека се во гнездото.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.