Двата Гроба (Долни Дисан)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Двата Гроба — археолошко наоѓалиште во околината на село Долни Дисан. Претставува вила рустика и некропола од римското време. На околу 1 км југоисточно од селото од двете страни на патот за Вешје, по површината можат да се видат обработени плочи од гробови од типот циста. На северозападната страна на наоѓалиштето се наоѓа траса на ѕид, на одделни места висок 1,50 м, широк околу 2,5 м. Овде е најдена и една стела со старогрчки натпис која се чува кај Диме Стојанов од истото село.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Двата Гроба“ | |
Местоположба | 41°25′40″N 22°5′44″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Долни Дисан |
Општина | Неготино |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Затвори