Да-конструкција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Да-конструкцијата е една доста карактеристична особина на македонскиот јазик. Оваа сложена глаголска конструкција е составена од честичката да и некој глагол, кој најчесто е во сегашно време. Да-конструкцијата има самостојна употреба и истата може да ги има едно од следните значења:
- заповед - Одма да ми донесеш кафе!
- желба и здравица - Да си жив и здрав!
- клетва- Да не прогледаш!
- неопределено глаголско дејство, или во некои јазици тоа е инфинитив- Да се биде или не?
Да-конструкцијата може да биде дел од: одречни сложени глаголски форми за искажување идност, негирана директна заповед, сложени глаголски конструкции со некои глаголи што означуваат начин на вршење дејство, фаза од вршењето на дејството или личен став на зборувачот кон дејството.