Даут-пашин амам
поранешен амам и сегашна уметничка галерија во Скопје, Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Даут-пашин амам — стар амам и денешна ликовна галерија во Скопје, на почетокот од Старата скопска чаршија, во непосредна близина на црквата „Св. Димитрија“. Градбата била изградена на крајот на XV век, како завештание на Даут-паша, во чијашто чест и го добила името. Постојат сознанија дека амамот никогаш не бил пуштен во употреба како амам, а како поткрепа за тоа се наведуваат две легенди. Денес, амамот се употребува како ликовна галерија и во него е сместено седиштето на Националната галерија на Македонија.[1] Регистриран е како паметник на културата на Република Македонија.[2]
Кратки факти Даут-пашин амам, Општи податоци ...
Даут-пашин амам | |
---|---|
Воздушен поглед на Даут-пашиниот амам | |
Општи податоци | |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Почната | XV век |
Нарачател | Националната галерија на Македонија |
Затвори