Дарџилинг (чај)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дарџилинг е чај кој традиционално се цени високо над сите други црни чаеви, особено во Обединетото Кралство и земјите од поранешната Британска Империја.
Кратки факти
Тип: | Црн |
Други називи: | Шампањ меѓу чаевите |
Потекло: | Дарџилинг, Индија |
Краток опис: | Овошно-пикантен. |
Затвори
По соодветно приготвување, чајот е редок и светол со цветна арома и донекаде остра танинска карактеристичност и пикантност која познавачите често ја опишуваат како мушкат.
Фалсификатите се сериозен проблем во глобалната трговија со чај; ширум светот се продава повеќе од 40,000 тони Дарџилинг чај, додека самото производство на таквиот чај се движи од 8,000 до 11,000 тони, вклучувајќи ја локалната потрошувачка. Како мерка против ова, Чајниот Одбор на Индија има развиено метод на цертификација и лого.