From Wikipedia, the free encyclopedia
Дарил Јанмат (роден на 22 јули 1989 г.) — холандски профсионален фудбалер кој игра на позицијата десен бек за Вотфорд во Премиер лигата и за репрезентацијата на Холандија.
Дарил Јанмат | |||
---|---|---|---|
Јанмат со Њукасл Јунатед во 2015 година | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Дарил Јанмат[1] | ||
Роден на | 22 јули 1989[2] | ||
Роден во | Лејдсендам, Холандија | ||
Држава | Холандија | ||
Висина | 1.85 м (6 ст 1 ин)[2] | ||
Позиција | Десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Вотфорд | ||
Број | 2 | ||
Младинска кариера | |||
1995–2007 | Фејенорд | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2007–2008 | АДО Ден Хаг | 25 | (2) |
2008–2012 | Херенфен | 84 | (5) |
2012–2014 | Фејенорд | 63 | (5) |
2014–2016 | Њукасл Јунајтед | 71 | (3) |
2016– | Вотфорд | 53 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
2009 | Холандија 20 | 5 | (0) |
200912010 | Холандија 21 | 11 | (0) |
2012– | Холандија | 34 | (0) |
Тој ја започнал кариерата во АДО Ден Хаг, и играл во клубовите Херенфен и Фејенорд пред да потпише шестогдишен договор со премиерлигашот Њукасл Јунајтед во 2014 година. Тој е дел од холандската репрезентација од 2012 година и бил дел од составот кој го освоил третото место на Светското првенство 2014.
Роден во Лејдсендам, Холандија, Јанмат ја започнал својата сениорска кариера во 2007 година во АДО Ден Хаг.
На почетокот на следната сезона, 19-годишниот Јанмат потпишал за холандскиот прволигаш Херенфен. На натпреварот помеѓу Херенфен и Херта Берлин во рамките од Европа лигата, Јанмат влегол во игра во 73. минута од натпреварот и само три минути подоцна добил црвен картон поради невнимателен старт над Немања Пејчиновиќ. Херенфен го добил натпреварот со резултат 1–0.[3][4] Откако ја отслужил предвидената суспензија, Јанмат постигнал гол во неговиот следен натпревар во Европа лигата, на 16 декември 2009 година, постигнувајќи го последниот гол за својата екипа во победата од 5–0 над Вентспилс, која на крајот се покажала за недоволна за клубот да се пласира во елиминационата фаза.[5]
На 21 декември 2011 година, Јанмат го постигнал деветтиот гол на Херенфен во победата од 11–1 над второлигашот Ос, со што клубот се пласирал во четвртфиналето од холандскиот куп.[6] Во четирите сезони во клубот, Јанмат бил стартер три сезони, а во дебитантската сезона бил во првиот тим на 10 натпревари и заедно со клубот го освоил холандскиот куп.
Во средината на 2012 година, откако истекол неговиот договор, тој потпишал за Фејенорд, клуб за кој настапувал како младинец.[7] На првенствениот натпревар против НАЦ Бреда на 9 декември 2012 година, кој завршил со резултат 2–2, Јанмат за една минута добил два жолти картони и бил исклучен од игра.[8] На 17 март 2013 година, Јанмат го постигнал победничкиот гол за Феенорд во победата од 2–1 над Утрехт.[9]
Првиот гол во сезоната 2013–14, Јанмат го постигнал на 16 февруари 2014 година, во ремито од 1–1 на Фејенорд со НАЦ Бреда.[10] На 13 април, тој постигнал гол со полуволеј во победата од 2–0 над ПСВ Ајндховен.[11][12]
На 17 јули 2014 година, Јанмат потпишал шестгодишен договор со премиерлигашот Њукасл Јунајтед за непозната сума.[13] Јанмат ги одиграл сите 90 минути на своето деби за Њукасл во поразот од 2–0 од Манчестер Сити.[14] Првиот гол за Њукасл тој го постигнал во ремито од 3–3 против Кристал Палас на 30 август.[15] Вториот гол за клубот тој го постигнал против второлигашот Нортемптон Таун, во победата од 4–1 во Лига купот. Јанмат исто така постигнал гол за Њукасл во поразот од 2–1 од Вотфорд.
На 24 август 2016 година, по испаѓањето на Њукасл Јунајтед од Премиер лигата, Јанмат потпишал за Вотфорд за сума од 7.5 милиони фунти.[16]
Првиот натпревар за Холандија тој го одиграл на 7 септември 2012 година, одигрувајќи ги сите 90 минути во домашната победа од 2–0 над Турција во квалификациите за Светското првенство 2014.[17] На 31 мај 2014 година, тој бил вклучен во конечниот список од 23 играчи од тренерот Луј ван Гал за Светското првенство во Бразил.[18] Јанмат бил во составот на Холандија на првиот натпревар на првенството, и бил асистент на гол во големата победа од 5–1 над бранителот на титулата, селекцијата на Шпанија.[19] Во натпреварот за трето место против домаќинот Бразил, Јанмат влегол во игра од клупата за резервни играчи заменувајќи го Дели Блинд и бил асистент на голот на Џорџино Вајналдум кој ги поставил конечните 3–0 за Холандија.[20]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.