![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/59/Charles_Darwin.jpg/640px-Charles_Darwin.jpg&w=640&q=50)
Дарвинизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дарвинизам — наука за еволуцијата, за настанокот на растителните и животинските видови. Дарвинизмот го вклучува и човекот. Дарвинизмот се води по пат на природна селекција, односно на одржување во живот на најспособните во борбата за опстанок.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/59/Charles_Darwin.jpg/640px-Charles_Darwin.jpg)
Нејзиниот зачетник Чарлс Дарвин со својата книга "Потеклото на видовите" (1859) извршил пресврт во сфаќањата за органскиот свет, покажувајќи дека животот на земјата се менува и се развива како вечен процес. Покажал дека сите органски облици се последица на тој развој, а не производ на "созадавање со чудо". Според еволуционата теорија, животинските и растителните видови не се непроменливи и сите организми што постојат сега и што постоеле во која и да било друга епоха настанале по пат на долготраен развиток, менување и приспособување под дејството на факторите на надворешната средина и на природната селекција.
![]() | Оваа статија поврзани со еволуцијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |