Група 9 на периодниот систем
From Wikipedia, the free encyclopedia
IX група на хемиски елементи — група хемиски елементи во периодниот систем според Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (IUPAC). Во неа спаѓаат кобалтот (Co), родиумот (Rh), иридиумот (Ir) а можеби и мајтнериум (Mt), чии хемиски особини се неутврдени. Сите тие се преодни метали во d-блокот. Сите познати изотопи на мајтнериумот се радиоактивни со кратки полураспади, а самиот елемент не е познат во природата; елементот е добиен во лабораторија по вештачки пат, во крајно мали количини.
Како и кај другите групи, членовите на ова семејство имаат сличности во својата електронска конфигурација, особено кај најнадворешните обвивки, кои делат трендови на хемиско поведение; сепак, родиумот отстапува од шемата.