Грузија-НАТО односи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грузија и Северноатлантскиот договор (НАТО) имаат наклонети односи. Грузија во моментов не е членка на НАТО, но НАТО ѝ имаше ветено дека ќе биде примена во иднина.
Соработката официјално започнала во 1994 кога Грузија се приклучила на Партнерството за мир управувано од НАТО.[1] Грузија брзо се придвижила по Револуцијата на розите во 2003 за да бара поблиски врски и евентуално членство во НАТО[2] (иако претходната администрација, исто така, посочила дека тие посакувале членство во НАТО една година пред да се случи револуцијата[3]). Моќниот северен сосед на Грузија, Русија, се има спротивставено на наклонетите врски, вклучително и оние изразени на самитот во Букурешт во 2008 година, каде што членките на НАТО и ветиле на Грузија дека ќе се приклучи на организацијата. Во изјавата на Северноатлантскиот совет од 7 декември 2011, Грузија била означена како „земја аспирант“.[4]
Компликациите во односот помеѓу НАТО и Грузија го вклучуваат присуството на руските сили на грузиска територија како резултат на повеќекратните неодамнешни конфликти, како војната во Јужна Осетија во 2008 година, над териториите на Абхазија и Јужна Осетија, кои се дом на голем број руски државјани. Со Необврзувачкиот референдум во 2008 година 77% од гласачите го поддржале пристапот во НАТО.[5]
Сегашните односи Грузија-НАТО се случуваат во рамките на Суштинскиот пакет НАТО-Грузија (СНГП), збир на мерки на стратешко, тактичко и оперативно ниво, започнат во 2014 година. Пакетот вклучува школа за градење одбранбени институции, заеднички центар за обука и евалуација НАТО-Грузија и логистички капацитет, олеснување на мултинационални и регионални воени вежби и други мерки.[6]