Гробот на Авгурите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гробницата на Авгурите (италијански Tomba degli Àuguri) е етрурска погребна комора. Името доаѓа од погрешна интерпретација на една од фреските на десниот ѕид за која се смета дека е римски свештеник познат како аугур. Гробницата датира од околу 530-520 п.н.е. и се наоѓа во некрополата Монтероци во близина на Тарквинија, Лацио, Италија. Оваа гробница е една од првите гробници во Тарквинија во која е украсена со фигурална декорација на сите четири ѕида од нејзината главна или единствена комора. [1] Ѕидната декорација е работена во фреско техника помеѓу 530-520 п.н.е. од страна на јонски грчки сликар, кој можеби потекнувал од Фокеја, чиј стил бил поврзан со стилот на северните јонски работници активни во Елмали .Во оваа гробница, за првпат наместо митолошки теми се појавуваат прикази на погребни обреди и погребни игри.[2]
Место | Тарквинија, Лацио, Италија |
---|---|
Област | Етрурија, Јужна Етрурија |
Вид | Некропола |
Историја | |
Изграденo | 6 век п.н.е |
Белешки за наоѓалиштето | |
Раководство | Надзорник за археолошкото наследство на Јужна Етрурија |
Портал | http://www.tarquinia-cerveteri.it/en |
Тип: | Културни |
Критериуми: | i, iii, iv |
Број | 1158 |
Регион: | Европа и Северна Америка. |