Григориј Богослов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Григориј Богослов, познат и како Григориј Назијанзанин (иако тоа всушност повеќе се однесува на неговиот татко) и Григориј Помладиот — архиепископ на Цариград, кој се смета за еден од најголемите богоносни отци и учители на христијанската црква. Познат е и како најиздигнат реторичар од времето на Црковните отци.[1] Како образуван оратор и филозоф, тој успеал да влијае на воведувањето на хеленизмот во ранохристијанското учење, со што се создала парадигма меѓу византиските теолози и црковни лица.[2]
Свети Григориј Богослов | |
---|---|
Икона од Свети Григориј Богослов Фрескаа од Црква Исус Спасител, Истанбул, Турција | |
Теолог, Црковен отец, Кападокиски татко | |
Роден(а) | 329, Аријанз, Кападокија |
Починал(а) | 25 јануари 390(390-01-25), Аријанз, Кападокија |
Почитуван(а) во | Источно христијанство, Западно христијанство и Древноисточно христијанство |
Главно светилиште | Патријарх на црквата Свети Ѓорги во Фенер |
Слава | Православна црква: 25 јануари 30 јануари (Кападокиски отци) Римокатоличка црква: 2 јануари (о. 1500-1969 9 мај) Епископска црква (САД): 9 мај |
Имал значително влијание врз теологијата на Светото Тројство, меѓу грчките и латинските теолози, па заедно со Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст се вбројува во светите Три патријарси, кои се празнуваат на 12 февруари. Неговиот спомен се празнува на 7 февруари (25 јануари), а преносот на неговите мошти на 1 февруари.