From Wikipedia, the free encyclopedia
Кнежевскиот грб на Неговата Светлост Кнезот Алберт II е неговиот властодржен грб како владетел на Монако.
Средиштето на штитот се блазонира (т.е. со технички хералдички опис) како: „вретенест (лозанж) сребрени и црвени“.
Калуѓерите кои играат улога на штитодржачи во грбот алудираат на освојвуањето на Монако во 1297 г., кога Франсоа Грималди влегол во градот со војници преоблечени како калуѓери, со мечеви скриени под мантиите. Околувратникот кој го окружува штитот го претставува Редот на Свети Карл.[1]
На грбот стои мотото на семејството Грималди, кое на латински гласи: Deo Juvante „Со Божја помош“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.