From Wikipedia, the free encyclopedia
Со пропаѓањето на режимот на Муамер Гадафи, Либија сè уште нема официјален грб. Националниот Преоден Совет користи свое лого. Додека уставната декларација од август 2011 година го дефинира знамето на Либија, не постои декларација за грбот.
Нациналниот Преоден Совет, кој е признаен од страна на ОН од септември 2011, користи лого за официјални документи. На емблемот е прикажана полумесечина и ѕвезда претставени во боите на либиското знаме (црвена, црна, зелена). Напишано е и името на советот المجلس الوطني الانتقالي (al-majlis al-waṭanī al-intiqālī, "Национален Преоден Совет") и името на државата ليبيا (Lībiyā, Либија) на арапски и на англиски јазик.
Грбот на Кралството Либија бил користен од 1952 до 1969, а уште е познат и како круната на Либија.
Во 1970 година, Либија вовела нов грб сличен со оној на Египет, во 1972 кога била формирана Федерација на Арапските Републики, Либија пак вовела нов грб сличен со оној на Сирија, на кој е претставен орелот на племето на пророкот Мухамед. Кога Либија ја напуштила федерацијата во 1977 година, грбот бил сменет, така што била додадена зелената боја зада го означи новото знаме, воведено во исто време, како и Зелената револуција на Гадафи.
„Грб на Либија“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.