Грамади (Долни Дисан)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Грамади — археолошко наоѓалиште во околината на село Долни Дисан. Претставува населба од хеленистичкото време, римското време и доцноантичкото време. На 2 км јужно од селото, на една блага падина, со обработувањето на земјата на површината биле исфрлени фрагменти од керамички садови, мермерни плочи со натписи и голем број хеленистички, римски и доцноантички монети. Монетите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Грамади“ | |
| |
Местоположба | 41°25′40″N 22°5′44″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Долни Дисан |
Општина | Неготино |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
римско време | |
доцноантичко време | |
Портал „Археологија“ |
Затвори