![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0c/City_Gate%252C_Valletta_002.jpg/640px-City_Gate%252C_Valletta_002.jpg&w=640&q=50)
Градска Порта (Валета)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Градска порта е порта која се наоѓа на влезот на Валета, Малта. Сегашната порта, која е петта што стоела на таа локација, била изградена помеѓу 2011 и 2014 година по дизајн на италијанскиот архитект Ренцо Пијано.
Градска Порта | |
---|---|
![]() Градската Порта во 2019 | |
![]() | |
Општи податоци | |
Статус | завршена |
Вид | Порта |
Место | Валета, Малта |
Координати | 35°53′46″N 14°30′33″E |
Почната | 2011 |
Завршена | 2014 |
Сопственик | Владата на Малта |
Технички податоци | |
Материјал | Варовник и челик |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Ренцо Пијано |
Првата порта што стоела на локацијата била Портата Сан Џорџо, која била изградена во 1569 година според дизајните на Франческо Лапарели или Џироламо Касар. Портата била преименувана во Порта Реале околу 1586 година, пред да биде повторно изградена во 1633 година, веројатно според дизајните на Томазо Дингли. Накратко била преименувана во Портe Насионал за време на француската окупација на Малта во 1798 година, но повторно била именувана Порта Реал кога Малта паднала под британска власт во 1800 година. Овие први три порти биле утврдени, формирајќи дел од градските ѕидини на Валета. Портата исто така неформално била наречена Порта ди тера (што значи „копнена порта“), бидејќи била единствениот пристап до градот од копно.
Последната утврдена порта била урната во 1964 година, а била заменета со рационалистичка порта дизајнирана од Алзиро Бергонзо. Оваа порта потоа била урната во 2011 година, а била заменета со онаа на Пијано завршена во 2014 година.