Градиште I (Ратево)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Градиште I — градиште и некропола од доцноантичкото време. На источната периферија на селото, на висок рид кој има доминантна положба над целата околина, на зарамнетото плато се гледаат темели од бедем. По целиот простор се среќаваат множество парчиња од покривни ќерамиди, а наместа и од керамички садови и питоси. Биле најдени и неколку монети. На 200 метри западно од бедемот, на широка падина се гледаат контури на гробови градени од камени плочи. Неколку од нив биле раскопани и, според податоците добиени од жителите, биле пронајдени керамички садови и монети кои не се зачувани.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Градиште I“ | |
Местоположба | 41°40′59″N 22°51′00″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Ратево |
Општина | Берово |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Затвори