Градиште (Горна Лешница)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Градиште — археолошко наоѓалиште во тетовското село Горна Лешница. Претставува утврдена населба од доцноантичко време.[1]. Се наоѓа на западниот раб од селото, од десната страна на Лешничка Река, на самата граница со Долна Лешница каде има висок рид со зарамнето плато на кое се распознаваат темели од објекти и од одбранбен бедем. На површината има грамади од кршен камен, фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Според местоположбата, населбата имала военостратегиско значење да го штити преминот преку реката.[2]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Градиште“ | |
Местоположба | 41°55′41″N 21°3′47″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Горна Лешница |
Општина | Желино |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Затвори